Европската комисија може да ги поштеди Унгарија и Словачка од ембаргото за купување руска нафта, кое сега го подготвува, поради претпазливоста за тоа колку двете земји се зависни од руската сурова нафта, изјавија двајца неименувани претставници на ЕУ за новиснката агенција Ројтерс. Се очекува Комисијата денеска да ја финализира работата на идниот, шести пакет санкции на ЕУ против Русија поради нејзините дејствија во Украина, кои ќе вклучуваат забрана за купување руска нафта, бидејќи извозот на нафта е главен извор на приходите на Москва.

Advertisements

Унгарија, која е силно зависна од руската нафта, постојано вели дека нема да ги одобри санкциите кои вклучуваат енергија. Словачка е исто така една од земјите на ЕУ најмногу зависни од руските фосилни горива. За да го задржи обединет блокот од 27 земји, Комисијата може да им понуди на Словачка и Унгарија „исклучување или долг преоден период“, изјави еден од официјалните лица. Нафтеното ембарго најверојатно ќе биде постепено и целосно ќе стапи во сила од почетокот на следната година. Пакетот утре треба да биде претставен пред амбасадорите за земјите членки на ЕУ.

Прикажи повеќе