Европската унија и Кина почнаа преговори за укинување на царините за увоз на кинески електрични автомобили, објави германскиот весник „Ханделсбат“, пренесе „Ројтерс“.
Европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ се сретна со кинескиот министер за трговија Ванг Вентао за време на посетата на Пекинг на крајот на март, при што двете страни се договорија спорот за царините на ЕУ да се решат преку преговори.
Европската унија воведе царини за кинеските електрични автомобили кон крајот на минатата година, објаснувајќи дека тие се неопходни за да се спротивстави на евтините кредити, земјиштето и суровини и други субвенции. Целта не беше да се исклучат кинеските производители на автомобили, туку да се создаде рамнотежа на пазарот.
Европската комисија изјави дека е подготвена да ги продолжи преговорите со Кина за алтернативи на царините.
Текстот ЕУ и Кина почнаа преговори за укинување на царините за кинеските електрични автомобили е превземен од МАКФАКС.