Потегот на Јарослав Качински, лидерот на полската владејачка партија и заменик премиер, беше изненадување за Европската комисија во Брисел: житарки, млечни производи и месо веќе не смеат да се увезуваат од Украина.

Advertisements

„Мораме да ја исправиме грешката“, изјави Качински во саботата на собир на својата национално конзервативна владејачка партија Право и Правда (ПиС). Унгарија веднаш ја поддржа таа драстична мерка.

Во текот на викендот, Европската комисија на тоа реагираше со сувопарна изјава. Во понеделникот (17.04.) портпароли на Комисијата конечно се обидоа да објаснат што се случува. „Важно е да се потсети дека трговската политика е исклучиво во надлежност на ЕУ. Тоа значи дека одлуки може да се носат само на европско ниво. Еднострани мерки не се можни“, изјави Миријам Гарсија Ферер, портпаролка на ЕУ за трговија.

Покрај Полска и Унгарија, примерот би можеле да го следат и други земји. Бугарската влада најави можност да се приклучи кон забраната за увоз на украинско жито. Бугарија досега од ЕУ доби 16 милиони евра како надокнада за претрпени загуби, а министреот Гечев сега бара дополнителни 50 милиони евра. Словачка минатата година забрани увоз на некои производи, но обемот на трговија на таа земја е прилично мал во споредба со Полска.

Извор: Дојче Веле

Прикажи повеќе