
Европската комисија ги повика Полска, Унгарија и Словачка да бидат конструктивни откако најавија дека еднострано ќе го продолжат ембаргото за увоз на жито од Украина и покрај одлуката на ЕК да ја укине забраната.
„Свесни сме за најавите на некои земји-членки во врска со едностраните мерки.
Она што е важно во моментов е сите земји да работат во дух на компромис и да се ангажираат конструктивно“, рече портпаролка на Комисијата.
Полска, Словачка и Унгарија во петокот објавија дека ќе ги задржат ограничувањата за увоз на украинско жито и покрај одлуката на ЕК.