На социјалните мрежи почна сериозна паника кога се појави информацијата дека од 1 септември оваа година Европската Унија воведува забрана за употреба на козметички производи што ја содржат супстанцијата TPO. Токму тоа се наоѓа во голем број гел лакови за нокти, како и во лепилата за вештачки трепки. Ова значи дека гел-лаковите за нокти ќе заминат во историјата.
TPO, супстанција што најчесто се наоѓа во хибридни лакови за нокти, лепила за екстензии за трепки, како и во гелови, е прогласена за канцерогена, токсична за репродукција, поради што е особено опасна за бремените жени. Затоа е објавена забрана за нејзина употреба, продажба и примена од 1 септември.
Истражувањата покажаа дека оваа супстанција може да предизвика голем број несакани ефекти, од хормонален дебаланс и токсичност за репродуктивниот систем до потенцијално формирање рак.
На социјалната мрежа „Икс“ има многу дебати за тоа дали е во ред да имате лажни нокти. Некои жени се прашуваат и дали се единствените што никогаш не го направиле тоа. Оние што го прават тоа се многу загрижени бидејќи фактот е дека гел-лакот, со тоа што е долготраен, ги прави вашите нокти убави и уредни со недели.
TPO е фотоиницијатор што се користи во производите за нокти, како што се трајните лакови, геловите и акрилните бои, за да им се овозможи да се стврднат под УВ или ЛЕД-ламби.
Текстот ЕУ воведува забрана за гел-лаковите за нокти поради опасна состојка за која се верува дека е канцерогена е превземен од МАКФАКС.