Според моделот на младинската Лига на шампиони на УЕФА и Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе воведе натпреварување за тимови до 18 години. Натпреварувањето ЕХФ го нарече „EHF Youth Club Competition“. Во премиерното издание ќе учествува и Еурофарм Пелистер. Битолчани ќе учествуваат на турнирот во Букурешт, а противници ќе им бидат Динамо, Кјелце и Висла.
Премиерното издание ќе се игра турнирски, а завршниот турнир ќе биде во Келн.
Ќе учествуваат 16 екипи поделени во четири групи од по четири екипи. Победниците на турнирите ќе се пласираат на фајналфорот во Келн.
Турнирите ќе се одржат во Барселона, Букурешт, Веспрем и Берлин:
Турнир во Барселона: Барселона, ПСЖ, Нант, Спортинг
Турнир во Веспрем: Веспрем, Загреб, Сегед, Војводина
Турнир во Берлин: Фуксе Берлин, Магдебург, ГОГ, Савехоф
Турнир Букурешт: Динамо Букурешт, Кјелце, Висла Плоцк, Еурофарм Пелистер
Вкупно, 13 од 16. клубови кои имаат тимови во сениорската Лига на шампиони учествуваат во ова ново натпреварување до 18 години.
Алборг, Фредериција и Колштад не се дел од турнирот, а нивните места ги заземаа ГОГ, Војводина и Савехоф.
ЕХФ се надева дека новото клупско натпреварување, младинската Лига на шампиони, дополнително ќе помогне во развојот на ракометот.
Текстот Еурофарм Пелистер ќе учествува во премиерното издание во младинската Лига на шампиони е превземен од МАКФАКС.