Специјалниот претставник за Западен Балкан на САД, Габриел Ескобар, во интервју за Хрватската радио-телевизија (ХРТ) изјави дека Жозеп Борел и Мирослав Лајчак презентирале три едноставни чекори за деескалација на состојбата на северот.
„Првиот чекор е да се тргнат луѓето од улица. Ни требаат нови избори со безусловно учество на Србите. Потребен ни е и рок за спроведување на својот дел обврските од српската страна и спроведување на нацрт-статутот за Заедницата на општините со мнозинско српско население на Косово. Станува збор за еднаквост и придобивки за двете страни. Доколку овие две страни не го прифатат планот на ЕУ за смирување на конфликтот, може да дојде до уште поголема криза“, рече Ескобар.
Ескобар додаде дека мора двете страни да се вратат на тоа што е постигнато во Охрид, а тоа е нормализација за создавање мирни услови за живот.