Американскиот актер Ерик Дејн, познат по улогата на Марк Слоун во серијата Grey’s Anatomy, откри дека боледува од амиотрофична латерална склероза (АЛС).
„Дијагностициран ми е АЛС. Благодарен сум што го имам моето прекрасно семејство покрај мене додека го започнуваме ова ново поглавје во животот. Љубезно ве молам да ми дозволите мене и на моето семејство малку приватност“, изјави тој за магазинот „Пипл“.
АЛС е невролошко заболување кое доведува до постепено губење на контролата на мускулите и во моментов нема лек за тоа.
Актерот исто така потврди дека следната недела ќе започне со снимање на третата сезона на „Еуфорија“ на HBO, каде што го игра ликот Кал Џејкобс.
Дејн неодамна откри дека тој и неговата сопруга Ребека Гејхарт одлучиле да се откажат од разводот. Двојката се венчаше во 2004 година, а Гејхарт поднесе барање за развод во февруари 2018 година.
Подоцна сепак, тие решија да и дадат нова шанса на својата врска. Заедно имаат две ќерки – Били (15) и Џорџија (13).
Текстот Ерик Дејн откри дека боледува од неизлечива болест: Ве молиме за приватност е превземен од МАКФАКС.