Барселона не успеа да се пласира во финалето во Лигата на шампионите. Во два спектакуларни натпревари, Интер славеше со вкупен резултат 7:6. По нерешениот резултат 3:3 во спектакуларниот прв натпревар, италијанскиот тим ја победи Барселона со 4:3 по продолженијата и со тоа се пласираше во второто финале во последните три сезони.
Барселона губеше со 2:0 на полувреме, а во 88-та минута имаше водство од 3:2, но сè се распадна во последните секунди кога примија гол за 3:3. Во 99-та минута, преку Давиде Фратеси, Интер го постигна решавачкиот гол.
Ерик Гарсија од Барселона, стрелецот на голот за 2:1 во 54-та минута, беше разочаран по испаѓањето: „Мислам дека фудбалот беше многу неправеден кон нас. Влеговме во второто полувреме со негатива од 2:0 и тимот повторно покажа карактер.
Овој тим е неверојатен, а истото важи и за навивачите кои отсекогаш нè поддржувале. Не знам што се случува на овој стадион, но поради работи што не беа под наша контрола, не бевме во можност да го постигнеме она што го сакавме“, рече Гарсија и дополни.
„Сите знаеме што се случи со судијата минатиот пат кога игравме тука. Но, мора да бидеме горди. Ова беше година во која никој не веруваше во нас, а погледнете што успеавме да направиме. Бевме подобри од нив, но кога ќе примите гол во 93-та минута, тоа многу боли. Во продолженијата, тие се затворија и се бранеа добро. Ова нема да нè поколеба за Ел Класико. Напротив, заклучоците се многу позитивни. Во Барселона нема преодни сезони“.
Текстот Ерика Гарсија: Не успеавме поради работи што беа надвор од наша контрола е превземен од МАКФАКС.