Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган (69), и официјално ја започна изборната трка во која ќе се обиде да ја задржи власта која ја има 20 години.

Advertisements

Тој денеска го претстави манифестот на неговата Партија на правдата и развојот (АКП) во пресрет на претседателските и парламентарните избори на 14 мај и рече дека целиот муслимански свет го чека исходот.

Овие избори ќе бидат најтешкиот предизвик за актуелниот турски претседател ако се има предвид дека на спротивната страна се шест опозициски партии кои ги здружија силите за претстојните избори.

Изборите доаѓаат во период кога Турција се соочува со зголемена инфлација и се опоравува од разорните земјотреси во кои загинаа околу 50 000 луѓе.

Овие прашања се и во фокусот на кампањата, а Ердоган на Турците им ветува дека ќе ја спушти инфлацијата на едноцифрени бројки, нешто што веќе го ветија и неговите противници.

Прикажи повеќе