Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција ќе и помогне на новата сириска влада во формирањето државна структура и изготвувањето на новиот устав.

Говорејќи пред новинарите на враќање од состанокот Д-8 во Египет, Ердоган најави дека турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан наскоро ќе го посети Дамаск за да разговара за „новата структура“, иако не откри повеќе детали, објави Ројтерс.

Претседателот на Турција се надева дека формирањето на новата сириска влада, предводена од Ахмад ал Шара, попознат како Абу Мохамед ал Џавлани, ќе означи почеток на ново ниво на билатерални односи меѓу Турција и Сирија.

Текстот Ердоган: Турција ќе и помогне на новата сириска влада е превземен од МАКФАКС.