Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал со турскиот колега Таип Ердоган за потребата од брза евакуација на цивилите од опколениот Мариупол.
Тој вели дека разговарал со Ердоган пред разговорите меѓу турскиот лидер и рускиот претседател Владимир Путин. Зеленски и Ердоган разговарале за евакуација од Мариупол, вклучувајќи ја и опколената фабрика Азовстал.
Advertisements
„Ја истакнав потребата за брза евакуација на цивилите од Мариупол, вклучително и Азовстал, како и брза размена на блокираните војници“, напиша Зеленски на Твитер.
Членката на НАТО Турција дели поморска граница со Украина и Русија и има добри односи со двете земји. Анкара ја поддржа Украина, но не воведе санкции кон Москва.
Турското претседателство соопшти дека Ердоган за време на разговорите се согласил со Зеленски за потребата од евакуација на повредените и цивилите од Мариупол, бидејќи „ситуацијата секој ден е се потажна“.
„Претседателот Ердоган ја изрази својата подготвеност да обезбеди секаква помош што може во преговарачкиот процес и сета потребна поддршка, вклучително и посредување“, соопшти официјална Анкара.
Украинските преговарачи кон крајот на минатиот месец објавија дека Киев предложил неутрален статус во замена за безбедносни гаранции, што значи дека Украина нема да се приклучи на воени сојузи или да биде домаќин на воени бази. Ердоган рече дека Турција во принцип се согласува со предлогот. Зеленски еден ден претходно рече дека Украина сака САД да бидат еден од гарантите за безбедноста.