Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Израел мора да ја прекине окупацијата на палестинските територии и да ја надомести штетата што ја предизвика, јавува Anadolu.
Воспоставувањето на независна, суверена и географски соседна држава Палестина, врз основа на границите од 1967 година, со источен Ерусалим како главен град, е „неопходно“, рече Ердоган на заедничката прес-конференција со малезискиот премиер Анвар Ибрахим за време на посетата на Куала Лумпур.
Говорејќи за помошта за Газа, турскиот претседател изрази уверување дека е можно да се реши оваа ситуација доколку се здружат членките на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН).
„Како можеме заедно со земјите-членки на АСЕАН да ги ублажиме страдањата во Палестина? Ова не е нешто што ниту Малезија ниту Турција можат сами да го направат, но ако сите членки на АСЕАН се соберат, мислам дека можеме да го постигнеме тоа“, рече Ердоган.
Тој нагласи дека Турција досега испратила повеќе од 100 бродови со помош во Палестина и дека овие напори продолжуваат.
Текстот Ердоган: Израел мора да ја прекине окупацијата на палестинските територии и да ги надомести штетите е превземен од МАКФАКС.