Онлајн платформата за краткорочно изнајмување „Ербиенби“ користи вештачка интелигенција за да ги идентификува и спречи изнајмувањата за забави за новогодишната ноќ, пренесува агенцијата „ДПА“.

Платформата објави дека вовела мерки засновани на машинско учење кои ги идентификуваат и блокираат резервациите за домови со висок ризик.

Технологијата ја евидентира должината на патувањето, видот на огласот, растојанието од локацијата на гостинот и времето кога е направена резервацијата за да се утврди дали тоа претставува ризик. Доколку се покаже дека е лажна, платформата или ја блокира резервацијата или ги пренасочува корисниците на алтернативни сместувања, пишува агенцијата.

Американската компанија воведе ограничувања во 2020 година и тврди дека оттогаш забележала значителен пад на жалбите за забавите што биле одржувани. „Ербиенби“ објави дека само минатата година околу 74.000 луѓе биле блокирани да резервираат. Мерките ќе важат ширум светот до Нова година, а се однесуваат на изнајмување од една до три ноќевања.

Гостите мора да потврдат дека разбираат дека неовластени или гласни забави се забранети на „Ербиенби“.

Текстот „Ербиенби“ со вештачка интелигенција спречува изнајмување сместувања за новогодишни забави е превземен од МАКФАКС.