Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике признава дека неговите играчи имале среќа, но смета дека заслужиле да се најдат меѓу четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Пари Сен Жермен се пласираа во полуфиналето и покрај поразот од Астон Вила. Реваншот на „Вила Парк“ заврши со победа на англискиот тим од 3:2, првиот меч во Франција заврши 3:1 за ПСЖ.

Тренерот на „свеците“ по реваншот призна дека неговите избраници по раното водство од 2:0, лесно влегле во продолжението на натпреварот и преживеале вистинската драма.

„Бевме премногу самоуверени, направивме работи што не требаше да ги направиме. Во одреден момент се тресевме од страв и примивме два гола за три минути, но мислам дека заслуживме да се пласираме во полуфиналето“, изјави Луис Енрике на прес-конференција.

Пари Сен Жермен во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Реал Мадрид и Арсенал.

Текстот Енрике: Се тресевме од страв, но заслуживме да бидеме во полуфиналето е превземен од МАКФАКС.