Во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и ПСЖ на „Енфилд“, францускиот шампион направи подвиг и по подоброто изведување пенали обезбеди пласман во четвртфиналето.
Во регуларното време единствениот гол го постигна Усман Дембеле, а потоа пеналите за ПСЖ ги реализираа Витиња, Гонзало Рамос, Усман Дембеле и Дезире Дуе. Само Мохамед Салах постигна гол за Ливерпул.
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике одржа прес-конференција по натпреварот.
Какви се вашите емоции по овој натпревар?
Радост, задоволство. Тешко е да се анализира еден ваков натпревар. Но, ова е важен момент за нас, нашите играчи, нашите навивачи, 3.000 или 4.000 кои дојдоа овде.
Донарума?
Првата средба беше на Алисон, втората на Донарума. Пеналите одразуваат и каква екипа сме. Џиџо беше брилијантен, но последниот пенал го изведе Дезире Дуе, кој има 19 години.
Дали ги вежбале пеналите?
Не. Искуството ми покажа дека тоа не е потребно. Особено по елиминацијата со Шпанија против Мароко на Мундијалот (осминафинале 0:0, 0:3 на пенали). Денеска играчите се чувствуваа дека мора да шутираат.
Текстот Енрике: Не ги вежбавме пеналите, поразот од Мароко на СП во Катар ми покажа тоа е превземен од МАКФАКС.