Фудбалскиот клуб Ливерпул во летниот преоден рок би можел да го продаде јапонскиот играч за врска Ватару Ендо.
Искусниот триесет и двегодишен играч кој пристигна од Штутгарт како капитен на германскиот тим би можел да се врати во Бундеслигата.
Како што пренесува „Билд“, за услугите на јапонецот се заинтересирани челниците на Ајнтрахт од Франкфурт. Од друга страна англиските медиуми тврдат дека и покрај тоа што нема место во стартната постава, Ендо бил среќен на „Енфилд“.
Тренерот Арне Слот го користи Ендо на различни позиции и најчесто влегува на теренот во последните 15-20 минути од натпреварите кога треба да се „затвори“ резултатот.
Ливерпул пред две години за услугите на Ендо издвои околу 20.000.000 евра.
Ендо би можел да биде еден од многуте што ќе го напуштат „Енфилд“ ова лето. Дарвин Нуњез, Диого Жота, Луис Дијаз, Трент Александар-Арнолд, Џо Гомез… Сите тие се на списокот за заминување.
Текстот Ендо ќе го напушти Ливерпул е превземен од МАКФАКС.