Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, изјави дека неговите играчи Маркус Рашфорд и Оли Воткинс нема да играат заедно во нападот на претстојниот реванш од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.

„Следниот чекор, ако имам време, ќе биде тој да играат заедно, но двајцата да бидат во врвот на нападот. Тоа е следниот чекор. Сакам да го пробам тоа. Сакам да тестирам, но не сега, кога ќе имам доволно време“, изјави Емери на прес конференцијата.

Астон Вила во вторник од 21 часот ќе ги пречека „светците“ во реванш четвртфиналето на Лигата на шампионите во Бирмингем.

Англискиот клуб загуби со 1:3 во првиот натпревар на гостински терен во Париз.

Рашфорд и се приклучи на Астон Вила на позајмица од Манчестер Јунајтед на 2-ри февруари, досега постигна три гола на 14 натпревари, додека Воткинс е најдобар стрелец на клубот од Бирмингем оваа сезона со вкупно 15 гола.

Емери рече дека има план за реваншот против ПСЖ и додаде дека е клучно секој од неговите играчи да знае и да ја разбере својата задача на теренот.

Текстот Емери: Рашфорд и Воткинс нема да го формираат напаѓачкиот тандем против ПСЖ е превземен од МАКФАКС.