Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид е суспендиран поради напад на новинар. Ембиид е суспендиран на следните три натпревари поради инцидентот.

Од НБА соопштија дека се запознаени со инцидентот кој се случил во соблекувалната на тимот и дека ќе наредат истрага за овој случај.

Сè се случувало во соблекувалната, каде што имало и новинар кој неодамна напишал текст кој не му се допаднал на Камерунецот.

„Следниот пат кога ќе пишувате за мојот мртов татко и мојот син, ќе видите што ќе ви направам и ќе живеам со последиците од она што ќе ти го направам“, му се заканил Ембид на новинарот, а потоа физички го нападнал.

Ембид потоа го оттурнал новинарот, па портпаролот на Филаделфија морал да интервенира и да го спречи Камерунецот да направи поголема грешка.

Нападнатиот новинар неодамна пишуваше за тоа дека Ембид „не сака да игра“, што го налути до таа мера што сакаше физички да се пресмета со претставникот на медиумите.

Поради целата ситуација НБА го суспендираше центарот на Филаделфија.

Текстот Ембид суспендиран поради напад на новинар е превземен од МАКФАКС.