По одлуката на САД за ембарго на руската нафта, гас и јаглен економските експерти предупредуваат на негативни удари и за руската но и на европската економија. Закрепнувањето на економијата по пандемијата ќе оди побавно, руската економија поради санкциите може да има пад на еконоскиот раст од 12 проценти, но пад на еконосмиот раст се очекува и во еврозоната. Очекувањата се дека на берзите нафтаните деривати ќе одат само во нагорна линија.
„По одлуката на САД за забрана на увоз на фосилни горива од Русија, ќе се случи огромно влијание врз глобалните пазари на нафта. Иако зависноста на САД е мала од руската нафта, ембаргото влијае врз цените на светските берзи“, вели Ден Дикер- Економски аналитичар за енергетика.
Во моментов цената на барал нафта е 130 долари. За можно ублажување на растот на цената на нафтата, непходно е руската нафта да биде заменета со друга. САД веќе ги започна преговорите со Венецуела откако пред само три години и воведе санкции и ги прекина дипоматските односи со Венецуела. Претседателот на Венецуела Николас Мадуро, изјави дека преговорите ќе продолжат.
„Се договоривме да продолжиме да разговараме за прашања од заеднички интерес. Средбата траеше речиси два часа и беше срдечна и со почит. Венецуелската нафта е достапна за секој што сака да ја произведува или купи, без разлика дали е инвеститор од Азија, Европа или САД“, рече Мадуро.
Покрај цента на нафтата и цената на природниот гас урива рекорди. Европската Унија соопшти дека до 2030 години ќе ја сведе на минимум зависноста од рускиот кој е присутен со 50 проценти за потребите на целата унија. Засега од руската страна остана само предупредувањето дека може во секој момент да ја спречи испораката на гас преку Северен тек1, доколку и натаму продолжат со санкциите кон нивната земја.
Андреа Чобанова