Британскиот кантавтор Елтон Џон не ја одобрува легализацијата на марихуаната во Америка и Канада. Тој ја смета за „една од најголемите грешки на сите времиња“.
Во интервју за магазинот Тајм, кој го избра за икона на 2024 година, легендарниот музичар зборуваше за својата зависност и го опиша влијанието на марихуаната врз неговото ментално здравје.
„Тврдам дека тоа предизвикува зависност. Тоа води до други дроги. И кога сте под дејство, а јас бев под дејство, не размислувате нормално. Тешко е да му кажете на некого дека е кретен, а тешко е и да се слушне. На крајот, решив да признаам дека сум кретен“, рече Елтон.
Сопствените искуства го поттикнале да се сомнева во исправноста на легализацијата на марихуаната.
„Легализацијата на марихуаната во Америка и Канада е една од најголемите грешки на сите времиња“, тврди тој. Елтон веќе зборуваше за неговата зависност од алкохол и дрога како марихуана и кокаин. Тој е трезен од 1990 година по смртта на неговиот пријател Рајан Вајт.
Текстот Елтон Џон: Легализацијата на марихуаната во Америка и Канада е една од најголемите грешки на сите времиња е превземен од МАКФАКС.