
Европската комисија денеска треба да го соопшти мислењето за статусот на Украина како кандидат за ЕУ. Лидерите на Франција, Германија, Италија и Романија, како што вчера во Киев изјави францускиот претседател Емануел Макрон на заедничката прес-конференција, се за тоа на Украина да ѝ се додели статус кандидат за членство во ЕУ „веднаш“.
„Сите четворица поддржуваме давање статус на непосреден кандидат“, рече Макрон. Тој додаде дека овој статус е проследен со патоказ што значи и да се земе предвид состојбата на Балканот и соседството, особено во Молдавија.