Европската комисија препорача да ѝ се даде кандидатски статус на Украина, изјави претседателката на оваа институција Урсула фон дер Лајен.
Advertisements
„Препорачавме да ѝ се даде на Украина статус на земја кандидат, што значи дека земјата треба да спроведе низа важни реформи“, рече таа.
„Украина покажа посветеност да ги почитува европските вредности и стандарди“, додаде Фон дер Лајен.
We recommend to give Ukraine the candidate status, on the understanding that the country will carry out a number of important reforms.
Ukraine has clearly shown commitment to live up to European values and standards.
And embarked, before the war, on its way towards the EU. pic.twitter.com/Cggme0Ep0l
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) June 17, 2022
Претседателката на ЕК рече дека препораката за Украина доаѓа по длабинскиот преглед на подготвеноста на земјата за кандидатски статус, вклучувајќи ги политичките и економските критериуми. Според Фон дер Лајен, Украина се покажала дека има соодветен политички и функционален систем, бидејќи во последните години го усогласи своето законодавно тело со ЕУ.
Таа рече дека Украина направила многу во владеењето на правото и сега фокусот ќе биде ставен на судството и начинот на кој се назначуваат судиите.