Екстремно десничарскиот Национален собир на Марин Ле Пен победи во првиот круг на предвремените избори во Франција, левичарскиот Нов народен фронт е на второто место; рекордна излезност од 65,5 отсто

Екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен води на предвремените парламентарни избори во Франција со освоени 34 отсто од гласовите, објави ЦИВИЛ МЕДИА, повикувајќи се на свои извори во Франција. Ова е историска победа за крајната десница во Франција. Вакво нешто не се случило од крајот на Втората светска војна наваму.

Екстремно десничарскиот Национален собир на Марин Ле Пен победи во првиот круг на предвремените избори во Франција, левичарскиот Нов народен фронт е на второто место; рекордна излезност од 65,5 отсто

ИНФОГРАФИК: Проценка на освоените гласови на првиот круг на предвремените избори во Франција, 30 јуни 2024

Левичарскиот Нов народен фронт, коалиција што ја сочинуваат неколку левичарски и зелени партии, формирана точно 19 дена пред самиот ден на гласањето, се најде на второто место со 28,5 отсто гласови, што исто така е неверојатно голем успех. Втор круг од изборите ќе се одржи на 7 јули, по што францускиот парламент од 577 места ќе биде целосно оформен.

Ова се историски избори според низа критериуми, меѓу другото, и поради високата излезност од 65,5 отсто. За споредба, на изборите во 2022 година на гласање излегоа 47,5 отсто гласачи.

Макрон го распушти Националното собрание на 9 јуни, откако екстремно десничарскиот Национален митинг го порази неговиот центристички сојуз на европските избори.

Џ. Д.