Едно лице загина, а три се повредени денеска кога експлодирала плинска боца во продавница за играчки во Москва, извести ДПА.
Експлозијата се случила во московската филијала на Детски Мир, најголемиот трговец на мало со детски производи во Русија. Првичната истрага укажува дека гас истекол од боца на третиот кат од повеќекатната стоковна куќа во центарот на градот, што ја предизвикало експлозијата, објави државната новинска агенција ТАСС.
Зградата била евакуирана веднаш по инцидентот.
Властите започнаа кривична истрага, но не се прецизира кон кого е насочена.
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека се сомнева оти причина за експлозијата е технички дефект. Засега, ниту властите ниту медиумите не спомунуваат можна врска на инцидентот со тековната војна во Украина.
Текстот Експлозија во продавница за играчки во Москва, едно лице загина е превземен од МАКФАКС.