Експертите на Обединетите Нации велат дека Израел намерно го изгладнува палестинскиот народ во Газа од 8 октомври и ега е насочена кон цивили кои бараат хуманитарна помош и хуманитарни конвои. Тие го повторуваат нивниот претходен повик од Специјалните процедури на ОН за ембарго за оружје и санкции кон Израел.
-Израел мора да ја прекине својата кампања на гладување и гаѓање цивили, се цитираат експертите во објава на официјалната страница на ОН.
Израелските војници минатата недела пукаа врз толпата Палестинци собрани за собирање брашно околу конвојот со хуманитарна помош во југозападниот дел на градот Газа на 29 февруари, при што загинаа најмалку 112 лица, а беа повредени околу 760.
-Нападот дојде откако Израел негираше хуманитарна помош во градот Газа и северна Газа повеќе од еден месец, велат експертите.
Тие истакнаа дека масакрот на 29 февруари следеше шема на израелски напади врз палестински цивили кои бараа помош, со преку 14 регистрирани „инциденти“ на пукање, гранатирање и таргетирање групи собрани за да ги добијат итно потребните материјали од камиони или авиони помеѓу средината на јануари и крајот на февруари во тековната година.
-Израел, исто така, отвори оган врз конвои со хуманитарна помош во неколку наврати, и покрај фактот што конвоите ги споделија своите координати со Израел, посочуваат експертите.
Во објавата се вели дека единствен начин да се спречи или да се стави крај на овој глад е непосреден прекин на огнот, затоа што, според експертите, неодамнешните воздушни падови ќе имаат мало постигнување во однос на намалувањето на гладот на Палестинскиот народ во Газа.
-Го повторуваме нашиот претходен повик од Специјалните процедури на ОН за ембарго за оружје и санкции кон Израел, како дел од должноста на сите држави да обезбедат почитување на човековите права и да го запрат кршењето на меѓународното хуманитарно право од страна на Израел, велат експертите.
Х. Сулејман