реклама

Нивото на морскиот мраз на Антарктикот минатиот месец достигна рекордно ниско ниво, објави денеска Светската метеоролошка организација (СМО), а експертите за развој на климатските промени ова го оценија како загрижувачки.

СМО објави дека нивото на мразот на Антарктикот минатиот месец, за време на најтоплиот јуни забележан досега, било најниско од почетокот на сателитските набљудувања, односно 17 отсто под просекот.

реклама

  • Навикнати сме да ги гледаме овие големи намалувања на морскиот мраз на Арктикот, но не и на Антарктикот. Ова е огромно намалување – изјави за новинарите во Женева Мајкл Спароу, шеф на Светската програма за истражување на климата, пишува Ројтерс.

Во извештајот се наведува дека температурите на глобалната површина на морето биле на рекордно високо ниво за мај и јуни, предупредувајќи дека затоплувањето на светските океани брзо се шири на другите делови од површината.

  • Не се работи само за температурата на површината, туку целиот океан станува се потопол и ја апсорбира енергијата што ќе остане таму стотици години. Ѕвоната за тревога особено гласно бијат поради невидената температура на површината на морето во северниот дел на Атлантикот – велат од СМО.

Организацијата соопшти дека временскиот образец Ел Нињо, кој неодамна се појави, се очекува да ја зголеми температурата и на копното и на океаните, што може да доведе до почести топлотни бранови на морето и појава на екстремни температури.

реклама