Во контекст на анализата на ЦИВИЛ Медиа за некритичката дистрибуција во дел од македонските медиуми на антизападните ставови на Џефри Сакс, неговите способности и обвинувањата дека НАТО ја предизвикал војната во Украина, Хедер Роберсон, магистер по човекови права на Универзитетот Колумбија со сертификат за напредни студии од Институтот Хариман, најстариот истражувачки институт посветен на проучувањето на Русија и Источна и Централна Европа и коавторката на графичкиот роман од 2009 година, „Македонија: Што е потребно за да се запре војната“ која ја проучуваше имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, во ексклузивна изјава за ЦИВИЛ Медиа вели:
„Ако ја погледнете кариерата на Џефри Сакс со текот на времето, тој отсекогаш имал многуцврсти убедувања, тврдејќи дека поседува посебни информации што малкумина ги поседуваат потпирајќи се на целосна доверба во сопствената анализа. Кога имаше триесет години, вети дека ќе ја сврти хиперинфлацијата во Боливија за еден ден, препорачувајќи политики за шок-терапија што уништи милиони, особено оние кои веќе беа сиромашни. Во Русија, Сакс остана крајно уверен дека неговата шок-терапија ќе даде резултат, а сега знаеме дека таа предизвика дестабилизација, сиромаштија, слабеење на демократските институции, разоткривање на социјалното ткиво и огромната економска нееднаквост што сè уште ја гледаме денес.
Според Роберсон, после тоа се чинело дека Сакс се оградува, оградувајќи со исто толку во убеденоста против САД и ЦИА за мешање во работите на другите земји.
Сега, како што вели таа, тој ги изнесува своите многу силни мислења и наводна експертиза за нападите во Украина, тврдејќи дека разбира што се случува зад сцената на начин што никој друг не може.
„Јас вообичаено не би се вклучила во лични напади како овој, но мислам дека е многу важно да се биде внимателен кон луѓето кои тврдат дека поседуваат привилегирани информации и експертиза за толку широк спектар на теми и региони како што тврди Сакс. Овие личности кои се чини дека знаат сè за сè можат да бидат примамливи, но само почекајте. На крајот тие ќе почнат да зборуваат на тема за која Вие сте експерт, а дури потоа ќе видите колку тие не знаат. Дури и да зборувам за неговиот пристап кон Боливија и економските теории за кои тој тврдеше дека го инспирирале, можам да кажам дека тој всушност не ги читал, бидејќи дејствувал против нивните најосновни премиси“.
Во продолжение, во однос на Русија и Украина, Хедер Робертсон вели:
„Во однос на Русија и Украина, јас сум Американка и еден од омилените моменти ми е да ја критикувам сопствената земја. Поминувам многу повеќе време на тоа отколку што некогаш размислувам за Владимир Путин.
Низ годините таа сретнала многу Американци скептични за американската надворешна политика, вклучително и луѓе кои професионално работат на спроведување на таа политика.
„Така, јас го разбирам инстинктот да го направам тоа, и тоа може да биде многу продуктивна активност., вели Хедџер, но, како човек со две очи, не ми е тешко да видам, во однос на Русија и Украина, од која страна е напаѓачот, а која се брани. Не ми е тешко да видам која страна на најбрутален начин киднапира деца и ги уништува животите на луѓето“.
Драган Мишев