(ЕКСКЛУЗИВНО) Лариса Дир: Украина иницира свикување на итен состанок на Советот за безбедност на ОН

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Украина на 9 јули 2024 година иницира свикување на итен состанок на Советот за безбедност на ОН во врска со масовниот ракетен напад од страна на руската федерација врз цивилната и критичната инфраструктура на Украина, вклучително и врз Националната детска болница „Охматдит“ во Кијив (8 јули 2024 година).

Секоја година, се лекуваат илјадници деца во болницата „Охматдит“, се вршат илјадници и илјадници операции, во детската болница се лекуваат деца болни од рак.

Во моментот на ударот на руската ракета, во болницата се вршеле хируршки операции, многу деца биле приклучени на машини за прочистување на крвта.

Фото: Изложба на потресни фотографии од рускиот ракетен напад на Кијив пред Амбасада на Украина во Скопје

рускиот удар одзема животи, повреди деца, ги уништи одделенијата за интензивна нега, оперативни и онколошки одделенија на детската болница.

Спасувачката работа не е запрена откако русите извршија насочен ракетен напад врз детската болница, од под урнатините се извлекуваат деца и возрасни.

Во текот на денот на 8 јули, рф изврши уште еден ракетен напад врз друга болница во Кијив.

Фото: Изложба на потресни фотографии пред Амбасада на Украина во Скопје

рф, членка на Советот за безбедност на ОН, намерно нанесува ракетни напади врз медицински установи во Украина.

На 8 јули, рф лансираше врз Украина 14 крстосувачки ракети „Калибр“, 13 крстосувачки ракети Х-101, 2 суперсонични ракети Х-22, хиперсонични ракети „Кинжал“ и „Циркон“.

рф како држава-терорист се обидува во информативниот простор да го рашири наративот дека „високопрецизно оружје ги погодува објектите на воената индустрија на Украина“.

Дезинформациите на кремљ немаат граници, исто како и бесот и омразата со кои рф ги убива Украинците и ги уништува градовите и селата во Украина нема граници.

Има видео снимка од ракетниот напад на рф.

Снимен е моментот кога руската крстосувачка ракета Х-101 ја погоди детската болница – ракетата на рф ја нападна детската болница како мета среде ведар сончев ден.

Фото: Амбасада на Украина

Спречување на бруталните ракетни напади на рф, која постојано ги модернизира и извидувачките, и ударните беспилотни летала, е можно само со поседување на доволен број средства за противвоздушна одбрана.

Со цел руската федерација да биде изведена пред лицето на правдата за секојдневниот терор, лидерите на државите мора да се обединат во подготвеноста, пред сè, да го осудат ова воено злосторство на рф, како и со решителни и заеднички дејствија да го принудат режимот на кремљ да престане со својата воена агресија против Украина.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0