Еден маж настрада во пожарот кој во текот на ноќта изби во станбена зграда во кругот на инфективната клиника во Белград, пренесува Радио телевизија Србија (РТС). Уште едно лице е пренесено во болница, а пожарот е изгаснат.
Итната помош добила повик 36 минути по полноќ.
„Една екипа згрижи еден пациент и го пренесе во Воено медицинската академија, а друга екипа остана на местото на пожарот за време на гаснењето и на крајот само констатиравме смрт на едно лице“, изјави докторката Ивана Стефановиќ.
Засега не е позната причината за пожарот.
Сите станари во зградата каде избил пожарот, во која има 20 станови, се евакуирани.
Во зградата живеат поранешни вработени во Клиничкиот центар Србија.