Новиот тренер на фудбалскиот клуб Џенова Андриј Шевченко, беше сликан до македонската фудбалска легенда Горан Пандев.
Украинецот остави длабока трага во Милан со своите 127 голови, додека Пандев две децении игра во италијанската лига.
„Една фотографија, две освоени Лига на шампиони“ – порачаа од Џенова.
Новиот тренер триумфираше во ЛШ со Милан во 2003 година, додека најискусниот поединец во составот на Џенова, Пандев, освои европски трофеј со Интер во 2010 година.