Пиењето една до две шолји кафе дневно е поврзано со помал ризик од срцеви заболувања и срцева слабост.
Пиењето кафе е омилен ритуал на повеќето луѓе. Многу луѓе не можат да замислат да го започнат денот без да испијат шолја кафе. Истражувањата покажуваат дека кафето може позитивно да влијае на нашето здравје, но мора да бидеме умерени.
Самото кафе има придобивки за здравјето на срцето, но додавањето на две лажички какао (органско без додаден шеќер) може да ги подобри тие придобивки уште повеќе.
Како и зрната кафе, какаото во прав содржи флаваноли кои имаат антиинфламаторно дејство, ги опуштаат крвните садови и ја подобруваат контролата на шеќерот во крвта“, вели д-р Ники Барт, кардиолог, a пренесе „Вел плас гуд“.
Докажано е дека флаванолите го намалуваат воспалението и го подобруваат протокот на крв, што може позитивно да влијае на здравјето на срцето со опуштање на крвните садови, а со тоа и намалување на крвниот притисок. Какаото е моќен антиоксиданс и еден од најдобрите природни извори на железо, а доколку го додадете во кафето ќе ги подобрите когнитивните способности и расположението.
Покрај какаото, во кафето можете да додадете и ѓумбир.
Оваа напивка е добар начин да ги искористите здравствените придобивки од ѓумбирот, кој е познат како моќен антиоксиданс, ги смирува воспаленијата, проблемите со стомакот, болките во мускулите, го намалува холестеролот и го стимулира варењето.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.