На годишнината од нападот во Бањска, косовските политичари му оддадоа почит на убиениот наредник Африм Буњаку. Амбасадорот на САД во Косово, Џефри Ховениер, рече дека САД очекуваат сторителите и сите оние кои се вклучени во ужасното злосторство да одговараат. ЕУ очекува Србија целосно да соработува и брзо да ги изведе извршителите на нападот пред лицето на правдата. Србија негира одговорност за нападот. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека српските власти го истражуваат нападот во Бањска. Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение во кое Радоичиќ е опишан како „шеф на терористичката група“ .
„Силите кои беа финансирани и предводени од Србија се паравоени сили кои имаа многу повеќе оружје од Африм Буњаку,а избегаа со срам и ги оставија мртвите и нивните ранети и денес се кријат во Србија. Треба да се напомене дека Србија е одговорна, Србија треба да одговара. Во овој момент бараме помош и поддршка од меѓународните фактори“, рече Албин Курти, премиер на Косово.
„Неговото соочување со терористите предводени од Србија беше негова последна битка, но не и негов крај. Од денес, Африм е херојот на секој Албанец“, рече Вјоса Османи, претседателка на Косово./Алсат.мк
Џесика Салахи