Њукасл конечно го реши прашањето за нов тренер, а изборот падна на Еди Хау. Младиот стратег во саботата беше во свечената ложа на „Амекс“ и заедно со ко-сопственикот Аманда Стејвли го следеа дуелот на Њукасл против Брајтон.
„Голема чест е што станав тренер на клуб со статус и историја какви што има Њукасл. Ова е горд ден за мене и моето семејство. Се работи за прекрасна шанса, но ме чека многу работа и со нетрпение чекам да се појавам во тренинг центарот“ – рече Еди Хау.
Се очекува во зимскиот преоден рок да дојдат неколку нови играчи, низ медиумите често има шпекулации за засилувањата и трансфер буџетот.