Дисциплинската комисија на Шпанскиот фудбалски сојуз донесе одлука за казната за Килијан Мбапе, кој доби директен црвен картон за груб фаул на натпреварот против Алавес.
Се шпекулираше дека ќе биде суспендиран на најмалку два натпревари, а некои медиуми во Шпанија дури прогнозираа дека може да добие три или четири меча. Но… Мбапе ќе пропушти само еден натпревар.
Мбапе беше исклучен поради стартот врз Антонио Бланко. Според извештајот од натпреварот, употребил „прекумерна сила“.
Судијата во првиот момент му покажа жолт картон на Мбапе, но кога ја прегледа снимката, го исклучи.
Текстот Еден натпревар суспензија за Мбапе е превземен од МАКФАКС.