Едно лице загинало, а четворица биле повредени во престрелка во центарот на Приштина во петокот, 4 август, нешто пред полноќ, соопшти косовската полиција.
Полицијата соопшти дека при инцидентот уште 17 лица биле повредени од скршени чаши и стаклени шишиња, по тепачка меѓу неколку мажи во кафеана во доцните часови на 4 август.
„Постои сомневање дека по расправија во кафеана, меѓу осомничените мажи, употребено е и огнено оружје“, се наведува во соопштението од косовската полиција.
Според полицијата, четворицата осомничени остануваат во Клиничкиот и универзитетски центар на Косово и со одлука на обвинител се задржани под полициски надзор.
На местото на инцидентот излегле надлежни полициски единици и единица К-9, при што биле пронајдени четири чаури и дамки од крв, се додава во соопштението на полицијата.