Реал Мадрид стигна до три бода во натпреварот против Гетафе, натпревар во кој Карло Анчелоти се одлучи да ги одмара клучните фудбалери за реванш средбата против Манчестер Сити во Лигата на Шампионите.
Во отсуство на првотимците шанса добија фудбалерите од втор план, а меѓу нив се најде и Еден Азар. Најплатниот фудбалер во ростерот на „кралевите“ одигра 60 минути, а притоа имаше скромен учинок. Белгиецот топката во нозете ја имаше само 30 пати при кои запиша 18 точни додавања, а пет пати ја загуби.
Притоа не забележа ниту еден обид кон голот, дриблинг, нафрлување, долго додавања, а и топките што ги додаде не го загрозија голот на противникот.