Едвард Џозеф: Западната помош предводена од Соединетите Држави е егзистенцијална за Украина

Западната помош предводена од Соединетите Држави е егзистенцијална за Украина. Не би можеле да го користите зборот важна, би морале да го користите зборот егзистенцијална, што значи, каде ќе беше Украина без оваа помош. А за Соединетите Држави, она што е толку интересно е тоа што САД го обезбедуваа ги премина сите црвени линии. Значи, на почетокот она што Соединетите Држави го обезбедуваа беше многу ограничено. Сега, САД обезбедија дел од својата најнепредна опрема, вклучувајќи ја оваа ракета ХИМАРС. Тоа е артилеријата ХИМАРС што може да ја користи таа специјална ракета наречена АТАКМС, што има неверојатен домет од 300 километри, со точност до 10 метри. Значи, ова е навистина она за што зборуваме и тоа е видот на опрема што САД и нивните сојузниц ја обезбедуваат, има и тенкови, но ова сé уште не е доволно. Сé уште не е доволно од сé она што ѝ е потребно на Украина. Тоа е голем дел од она што ѝ е потребно, но не сé што и треба. А Украина и понатаму ќе има потреба од оружје, дури и помалку софистицирано оружје, само обични артилериски гранати, само обични артилериски гранати што ќе можат да ги користат во ова војна, која комбинира напредни тактики и некои многу стари тактики, истакна Едвард Џозеф, експерт за управување со конфликти со петнаесетгодишно искуство на терен, и предавач и аналитичар за надворешна политика, на прашањето на Цивил Медиа кој е придонесот на помошта од сојузниците, првенствено од Соединетите Држави, за украинската борба за деокупација?

Интервјуто со Едвард Џозеф, кој во неговите десетина години поминати на Балканот, служел за време на војните во секоја земја погодена од конфликтот, вклучително и на задачи во Босна, Косово и Македонија, е направено при посетата на Талин, Естонија група новинари од Северна Македонија и Црна Гора во рамки на програмата„ Seeing is Believing“ за градење на јавното разбирање за НАТО и отпорноста на Балканот.

Целото интервју со Едвард Џозеф прочитајте ја  ТУКА