Репрезентацијата на Египет успеа да се пласира во финалето на Африканскиот куп, после победата над Камерун, по изведувањето на пенали, откако натпреварот во регуларниот дел и во дополнителните 30 минути, заврши нерешено без голови.

Во текот на целиот натпревар Камерун имаше иницијатива и имаше подобри шанси, но не ги финализираше. Египет, пак, се обиде преку неколку контранапади и најчесто преку Мохамед Салах, кој исто така не успеа да постигне гол.

Така мечот отиде до пенал, каде Египќаните беа попрецизни. Од белата точка од Камерун не реализираа:  Харолд Мукуди, Линтон Н’Џи и Џејмс Леа Силики, додека гостите беа многу непогрешливи. Така, Египет ќе се соочи со Сенегал, во финалето на Африканскиот куп.

Прикажи повеќе