Светот е сведок на историски момент, напиша египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, чија земја одигра клучна улога во посредувањето на разговорите.

Тој го опиша Шарм ел-Шеик, градот каде што се одржаа разговорите, како град на мирот и лулка на дијалогот.

„Овој договор не само што затвора едно поглавје од војната, тој, исто така, отвора врата на надеж за народите од регионот за иднина обележана со правда и стабилност“, рече Сиси.

Министерството за надворешни работи на Египет претходно го опиша прекинот на огнот како „позитивен развој“ и „пресвртница“ во војната.

Во соопштението се додава дека министерот за надворешни работи Бадр Абделати ќе отпатува во Париз за да присуствува на министерски состанок организиран од Франција, кој ќе се фокусира на ситуацијата во Газа.

Фото: ЕПА

Текстот Египетскиот претседател: Светот е сведок на историски момент е превземен од МАКФАКС.