Бугарија е држава од Европската унија со најмалку среќни или задоволни луѓе, се наведува во податоците од годишното истражување за индикаторите за квалитет на животот на Евростат.
Како што пренесува МИА, според анализите на агенцијата, кога станува збор за задоволството од животот, Австрија е на прво место.
Австрија постигна вкупен резултат од 7,9 од 10, додека на второто место се Полска, Финска и Романија со 7,7 бодови.
Италија, Шпанија и Франција се околу просекот со 7,1 бодови. Евростат објави дека граѓаните на ЕУ проценуваат дека се задоволни од квалитетот на животот, а просечната оценка е 7,1.
Бугарија е единствената земја од ЕУ со оценка под шест.