Европскиот парламент ја поддржа одлуката за започнување преговори со данското претседателство на Советот на ЕУ за забрана за увоз на руски гас и нафта, како што предложија Комисиите за меѓународна трговија и индустрија, истражување и енергетика минатата недела.
Двете парламентарни комисии одобрија нацрт-план за суспендирање на увозот на руски природен гас преку цевки и течен гас од 1 јануари, со мали исклучоци за краткорочни договори склучени – до 17 јануари, и долгорочни договори – до 1 јануари 2027 година, под услов да се склучени пред 17 јуни 2025 година и да останат непроменети.
Преговарачите од Европскиот парламент и Советот ќе започнат дискусии за постигнување договор на прво читање.
Текстот Европскиот парламент ја поддржа забраната за увоз на руски гас и нафта е превземен од МАКФАКС.