реклама

Германија е најголемиот производител на сладолед во Европа, покажуваат последните официјални податоци.

Агенцијата за статистика на ЕУ објави дека минатата година во Германија се произведени 620 милиони литри сладолед, што ја прави шампион, веднаш над Франција (591 милион) и Италија (571 милион).

реклама

Тие три земји отпаѓаат на половина од вкупното производство во ЕУ од 3,2 милијарди литри, што е зголемување за 5% во однос на 2021 година.

Иако Германија е најголемиот производител на сладолед во ЕУ, Франција е најголемиот извозник – со 53 милиони литри извезени надвор од територијата на Унијата, таа земја учествува со 21% од вкупниот извоз на сладолед од ЕУ, а потоа следи Холандија, Италија, Германија и Белгија.

реклама

Во Германија сладоледот е исто така најевтин и чини во просек 1,5 евро за литар, што е нешто повеќе од Франција (1,9 евра) или Италија 2,3 евра, додека најскап е во Австрија (7 евра за литар), Данска ( 4,4 евра) и Финска (2,8 евра за литар сладолед).

реклама