Европската комисија (ЕК) ќе побара итна забрана на летови од регионот на Јужна Африка откако беше откриен нов сој на коронавирусот.

Advertisements

Предлогот на Твитер го објави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, наведувајќи дека ќе го поднесе во координација со земјите-членки на ЕУ.

Новиот сој на вирусот – Б.1.1.529 во Јужноафриканската Република е дијагностицирана кај вкупно 77 лица, а првите случаи се регистрирани и во други Боцвана, како и во Хонг Конг.

Последната земја која соопшти дека го регистрирала е Израел, каде вирусот е детектиран кај граѓанин кој се вратил од Малави.

Денеска итен состанок одржува и Светската здравствена организација (СЗО) на кој ќе се разговара за тоа дали новиот вид треба да се дефинира како нешто што предизвикува „загрижување“ или како варијанта „од интерес“.

Состанокот следува откако вчера директорот на Центарот за одговор на епидемијата и иновации во Јужна Африка, Тулио де Оливеира, им ја пренел загриженоста на претставниците СЗО за новиот сој за кој се стравува дека можеби е и најлошата идентификувана варијанта на вирусот.