Европратениците од Бугарија со едноминутно молчење изразија сочувство за жртвите во страотната автобуска несреќа пренесуваат бугарските медиуми.

Advertisements

Во соопштението тие изразуваат сочувство за автобуската несреќа која однесе 46 животи.

Минутата молк е одржана и за деветте жртви од пожарот во старечки дом кој се случил во Бугарија и во кој загинаа девет лица.

„Пратениците изразуваат искрено сочувство до семејствата и блиските на граѓаните на Бугарија и на Република Северна Македонија и им посакуваат брзо закрепнување на повредените жртви“, стои во соопштението на бугарските европратеници./Makfax

Прикажи повеќе