Американскиот претседател Џо Бајден ќе им се придружи на сојузниците во примената на дополнителни санкции против Русија за нејзината инвазија на Украина и заострување на постојните за време на неговото патување во Европа оваа недела, изјави советникот за национална безбедност Џејк Саливан. Бајден денеска ќе отпатува со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во Брисел, каде се седиштето на НАТО и Европската унија, на состаноци в четврток со колегите лидери. Потоа тој планира да отпатува во Варшава во знак на поддршка за сојузникот што ја дели границата со Украина.

Саливан рече дека Бајден ќе работи со сојузниците на долгорочни прилагодувања на држењето на силите на НАТО за време на неговата посета и ќе објави „заедничка акција“ за зајакнување на енергетската безбедност во Европа, која е многу зависна од рускиот гас.

„Тој ќе има можност да се координира за следната фаза на воена помош за Украина. Тој ќе им се придружи на нашите партнери во воведувањето дополнителни санкции кон Русија и заострување на постојните санкции за да се спречи затајувањето и да се обезбеди силно спроведување“, им рече Саливан на новинарите.

Прикажи повеќе