реклама

Мандарините се и одличен извор на растителни влакна, што го потврдува и фактот дека со нивното консумирање можете да им помогнете на цревата да го спречат запекот и да ја олеснат контролата на празнењето.

Како и сите цитрусни овошја, мандарините имаат изобилство на витамин Ц. Имаат и умерено количество на витамин А, 100 грама мандарини ви обезбедуваат приближно 14 проценти од дневниот препорачан внес на овој витамин, пренесува Вечерњи лист.

реклама

Присуството на овој витамин може да има благотворно влијание и на вашата кожа. Витаминот Ц игра важна улога во производството на колаген во вашето тело, а токму овој витамин и помага на нашата кожа да изгледа младешки.

Покрај овој витамин, мандарините можат да се пофалат дека содржат помали количини на тиамин, витамин Б6, бакар, калиум и витамин Б5.

реклама

Меѓу другото, мандарините се одличен извор на растителни влакна, што го потврдува и фактот дека со нивното консумирање можете да им помогнете на цревата да го спречат запекот и да ја олеснат контролата на празнењето.

Друга придобивка од високата содржина на витамин Ц во мандарина е нејзината поддршка за здравјето на очите со одложување на почетокот на катаракта и макуларна дегенерација поврзана со возраста.

реклама

Постојат докази дека витаминот Ц и другите хранливи антиоксиданси можат да помогнат во одржување на вашите очи здрави подолго време.

Петгодишното истражување на повеќе од 500.000 возрасни лица покажа дека консумирањето најмалку половина чаша свежо овошје еднаш дневно може значително да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести.

Учесниците кои јаделе овошје дневно имале приближно 33% помали шанси да умрат од срцев или мозочен удар. Мандарините се одличен избор за секојдневно консумирање овошје.

реклама