Докторот Небојша Јосиповиќ од Итната помош дава неколку совети како полесно да се поднесе жештината и што да направите во случај вам или на некој близок ви падне притисокот.

Тој за РТС изјави дека високите температури лошо се одразуваат на сите хронични заболувања, а чести се колапсите поради падот на крвниот притисок. Јосиповиќ предупредува дека при екстремни горештини први на удар се крвните садови бидејќи се шират, што резултира со пад на крвниот притисок.

Ако додека сме надвор почувствуваме дека не можеме да одиме, имаме чувство дека ќе колабираме, нè советува веднаш да се напиеме газиран пијалок.

Најбрзо би било човек да седне или да легне, да ги крене нозете и да се напие нешто газирно како минерална вода, „кока-кола“ и слично. Ако е дома, може да земе и малку солен раствор, да измеша вода и сол, советува д-р Небојша Јосиповиќ.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.