Граѓаните кои излегуваат позитивни на Ковид-19 со тестови кои ги прават дома, не се пријавуваат и не се регистрираат како заразени. Бројките на заразените согласно податоците на Институтот за јавно здравје не се реални, состојбата е уште потешка, изјави инфектологот Фадиљ Цана во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21. Цана додава дека бројот на позитивни на дневно ниво, се само случаите кои ИЈЗ успеало да ги регистрира и дека всушност има многу повеќе заразени.
Единственото средство против коронавирус е имунизацијата, смета Цана, додека лекарот Злате Мехмедовиќ вели дека вакцинацијата не тече согласно предвидената динамика. Мехмедовиќ додава дека Комисијата за заразни болести ќе се ангажира за спроведување кампања за зголемување на процентот на имунизација и дека сертификатите ќе останат на сила при влез во одредени затворени објекти.
Портпаролот на КЗБ др.Злате Мехмедовиќ и инфектологот Фадиљ Цана најавија промена на методологијата околу водењето на починати од коронавирус, но како што велат, сѐ уште немаат дефинирано каква ќе биде таа. Истовремено, информираа дека Министерството за здравство е во преговори за обезбедување лек против коронавирус од компанијата „Фајзер“.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.