Коронавирусот мутира затоа што луѓето не се вакцинираат, вели епидемиологот д-р Александар Стојанов во изјава за порталот „Мета“.
За новиот сој на коронавирусот Стојанов вели дека е најлошиот досега, а како што објаснува, природата на вирусите е да мутираат за да опстанат.
Вирусот нема да може да мутира ако се вакцинираат голем број луѓе. Вакцините кои беа проектирани за првиот сој беа најефикасни за тој сој, но откако вирусот почна мутира, така и ефикасноста на вакцините опадна. Сега е потребно да се направат нови вакцини. Тоа е исто како со антибиотиците, бидејќи колку повеќе антибиотици примате, толку станувате резистентни на нив. Затоа, потребно е голем број луѓе да се вакцинираат против коронавирусот. Ние го зборуваме тоа цело време. Потребна е брза и масовна вакцинација за да се прекине ланецот. Освен вакцината и класичните мерки кои вклучуваат да нема собири во затворен простор, друго решение не постои. Лек за вирусот нема, но вакцината заштитува од тешка клиничка слика и од смрт. Од вакцина нема смртни случаи, но има од ковид-19, објаснува Стојанов.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.